Храмот Вознесение Христово-Спасовден во тетовски Јелошник ќе го прослави патрониот празник
-Ве известуваме дека на ден 25 мај 2023 година, четврток по повод празникот Спасовден ќе се отслужи Богослужба со почеток во 8 часот по што ќе биде прережан кумскиот колач. Се покануваат сите верници да присуствуваат на Богослужбата, по која ќе биде приредена братско-сестринска трпеза на љубовта, повикуваат од црковниот одбор.