ВМРО ДПМНЕ има друг принцип за Македонија, тоа е концепт зад кој стои тој и Гордана Силјановска Давкова, порача од митингот во Теарце, партискиот претседател Христијан Мицкоски. Тој рече дека Стево Пендаровски иако ја има паролата „наш претседател“, нема да биде претседател на сите граѓани, оценувајќи дека ги дели граѓаните на наши и ваши.
„Ние имаме друг принц за горда Македонија. Нашиот концепт е за твоја Македонија. Тоа е концептот зад којшто застанувам јас и тоа е концептот којшто го застапува Гордана Силјановска Давкова и коалицијата „Твоја Македонија“, рече Мицкоски.
Според него наместо ветувањата на власта од пред 6-7 години дека ќе донесе живот за сите, тоа е направено само за малкумина односно за првите луѓе во власта на СДС и ДУИ.
– Ќе се сетиме оние обоени шарени револуционери кои шетаа со парола „Нема правда, нема мир“ и велеа дека ќе донесат живот за сите и дека ќе направат едно општество за сите. По тие 6-7 години резултатите од тие нивните прошетки се сè уште забележителни низ Македонија, сè уште остануваа објектите сопственост на граѓаните, на владата неисчистени ширум Македонија коишто ги бојадисуваа, штетите по идентитетот, по општеството и по стандардот на граѓаните се огромни, а од паролата ќе донесеме живот, донесоа живот за малкумина, за себе, за оние првенци во владата на СДС и ДУИ, а од паролата едно општество за сите се претвори во едно општество само за нас, рече претседателот Мицкоски и додаде дека таква парола имал и сегашниот кандидат за претседател на СДС, Стево Пендаровски, рече Мицкоски.
Претседателот Мицкоски потсети дека стратегијата на ДУИ е опишана со три збора „Како до сега“.
-Денес Македонија е украдена држава или уште повеќе да бидам прецизен подарена држава. Неспособниот Ковачевски, измеќарот Ковачевски ја подари Македонија на тацна на Али Ахмети. Во изминатите повеќе од 20 години ја практикуваа паролата како до сега не направија ништо подобрувајќи го стандардот и квалитетот на граѓаните. Стратегија на ДУИ е опишана со три збора „Како го сега“. Таа стратегија подразбира Артан Груби да почнува да стекне имот за сопственото семејство и да купува недвижнини во центарот на градовите низ Македонија. „Како до сега“ начинот на владеење на ДУИ е начин да министерот за надворешни работи, Бујар Османи патува низ светот и распродава парче по парче дел од македонскиот идентитет, небаре го наследил од неговите дедовци. „Како до сега“ принципот на владеење на ДУИ подразбира да во Зајас никнуваат хациенди каде што живее Али Ахмети небаре е некој блискоисточен шеик. Тоа е принципот на владеење како до сега. Јас се борам додека сум жив против овој начин на пустошење, пљачкање, понижување и засрамување на нашата Македонија, порача Мицкоски.
Носителката на листата со кандидати за пратеници во ИЕ6, Дафина Стојаноска најави победа на изборите
„Овој народ видел и доживеал многу времиња и опстанува на ова македонско парче земја, не се предал ни во најтешкото. Овој народ ги живее и пребројува последните денови на заробена Македонија. Од кого е денес заробена Македонија, иако е де јуре слободна и членка на НАТО. Заробена е од една елита на власт која седум години не помрдна камче, не изгради камен над камен и направи пустош насекаде. Заробена е во канџи на криминалци, кои нема да се предадат,затоа што имаат многу што да изгубат нашата победа на 24 април и 8 мај“, истакна Стојаноска.
Во тетовскиот регион ВМРО ДПМНЕ денес одржува митинзи за промоција на кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова во Теарце, Јегуновце и Брвеница.
ас
фото ВМРО ДПМНЕ