• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Христијан Mицкоски: Советничката листа предводена од Ангел Карапетров е обединувачка за модерно и современо Тетово

31/07/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и предложените кандидати во Тетово партијата ја започна изборната кампања за вонредните локални избори на 20 август при што се ќе се избираат нови општински советници. Партискиот лидер Мицкоски посочи дека очекуваат во оваа кампања граѓаните да кажат гласно не на политиките на Владата на СДСМ и ДУИ.

-Очекуваме листата предводена од Ангел Карапетров, листата на ВМРО-ДПМНЕ да апсолутно освои повеќе советници од таа што беше бројка до сега. Очекуваме бројот на гласови да биде поголем иако периодот кој што е сега е навистина предизвикувачки поради годишните одмори кои што ги користат нашите сограѓани. Но, мислам дека мобилизацијата ќе биде на високо ниво. И ценам дека граѓаните овде во Тетово на овие избори и ќе гласаат не односно ќе гласаат против коалицијата на СДСМ и ДУИ, посочи Мицкоски.

Тие што ќе гласааат за ново, модерно и современо Тетово ќе гласаат за советничката листа ВМРО-ДПМНЕ, преводена од Ангел Карапетров, смета партискиот лидер/

-Јас сум убеден дека тоа ќе биде листата која што ќе направи многу за граѓаните овдека во Тетово, и тоа е листата која што ќе треба да покаже еден обединувачки карактер односно граѓаните во Тетово, овдека да се обединат. Бидејќи само на тој начин можат нивните права презентирани и репрезентирани од страна на преставници во Општина Тетово на ниво кое што тие очекуваат. Свесен сум дека ќе постојат и други кои што ќе сакаат да го фрагментираат гласачкото тело овдека во Тетово, но убеден сум дека граѓаните ќе бидат над таа ситуација, ќе го препознаат квалитетот и ќе го дадат својот глас за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Мицкоски од Тетово.

ас

Поврзани објави

Вести

Активности на СВР Тетово за градење доверба кон локалната заедница 

25/03/2023
Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Следна објава

„Подобро за Тетово“ постави уметничка инсталација за почеток на кампањата-очекуваат пораки од граѓаните каков град сакаат

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.