Во деновите од изминатиот продолжен викенд тетовските пожарникари интервенираа на повеќе шумски пожари во Теарце и Боговиње. Според командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово со пожар биле зафатени повеќе хектари.
-Секоја вечер се појавуваат пожари и имаме многу интервенции на отворено над Теарце и над Боговиње. Дај Боже да падне дожд па да бидеме посмирени, навистина ми е цела екипа уморна од секојдневните интервенции. Дваесетина пожари во текот изминативе пет дена се изгасени со брза интервенција за да се стават под контрола и да се избегне состојби како во Грција, изјави командирот Авни Амети.
Тој вели дека состојбите ова лето покажаа дека мора да се направат промени во оваа дејност со цел поефикасно работење на пожарникарите. За да имаат повеќе средства за работа, се смета дека е добро Владата да го централизира финансирањето на пожарникарските единици.
-Воедно мора да се дисперзира пожарната, да бидеме поблиску до граѓаните на општинско ниво. Владата да преземе централно раководење со пожарникарите на државно ниво. За секој поголем пожар ние мораме да бараме помош од Дирекција за заштита и спасување и Центар за управување со кризи, вели Амети.
ас