Дијана Димчевска Наумоска од Тетово која се лекува во Турција има добри вести по петте третмани на имунотерапија. Најновите испитувања покажале дека нема нови метастази на канцерот од кој се лекува од 2022 година.
-Резултатите од пет скенот покажаа дека нови метастази нема, а постоечките се намалени, вели Дијана по неколкумесечната имунотерапија.
Таа во Турција го почна лекувањето во октомври 2023 година. На секои 21 ден таа треба да оди во Истанбул, Турција каде ја прима имунотерапијата, која од декември има и зголемени цени. Терапијата сега наместо 4000 евра чини 4600 евра.
Граѓаните можат и понатаму со донации да го помогнат лекувањето на Дијана, сопруга и мајка на две деца.
Телефонски повици
Телеком – 143 110
А1 – 143 550 A1
Сметка на Дијана во Стопанска Банка АД Скопје – 200002512150321
Платформа gofund.me/956757fb