Интензивниот чад кој вчера околу 18 часот и 45 минути беше забележан на влез во Тетово бил поради појава на пожар на фрлени купишта смет, информираат од Центарот за управување со кризи.
„Интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово (ТППЕ) и го изгасила пожарот за кратко време од десетина минути, информираат од ЦУК.
ТППЕ Тетово во изминатото деноноќие интервенирале и во период од 12:25 до 12:45 часот со едно ПП возило и 2 пожарникари на запалена ниска вегетација на патот Тетово- Требош.
Исто така, Национален парк „Шар Планина“ и едно лице од с.Урвич интервенирале на запалена ниска вегетација и нискостаблеста шума во с.Боговиње. Пожарот е изгасен во 20:00 часот
ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено и за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив. Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.