„Здружени сме посилни – женска планинарска акција“ е насловено искачувањето до највисокиот врв на Шар Планина, Титов Врв во организација на повеќе планинарски клубови во сабота 19 октомври на кој се повикуваат само жени, а по повод месецот за борба против ракот на дојката.
„Драги наши борки, драги наши жени, мајки, лавици и кралици, по повод месецот за борба против ракот на дојката, оваа година по вторпат, нашиот клуб во соработка со клубовите низ цела Македонија, Ве каниме на женска планинарска акција до највисокиот врв на Шар Планина – Титов Врв. Бидејќи секоја на свој начин се бори во животот со предизвиците кои и се на патот, нашиот начин се планините и преку оваа наша акција Ви порачуваме дека не сте сами во борбата и заедно сме посилни! Ве покануваме да дојдете заеднички да искачиме уште еден врв и совладаме уште еден предизвик, да ја подигнеме заедно свеста за превенција и навремено откривање на опасностите од оваа закана, истакнуваат во повикот организаторките на турата.
Планинарски водичи и лица за контакт и пријавување:
Сибел Јакуповиќ, ПСК “Х2О” – Скопје, тел: 070 220 246
Славица Јованоска, PK “Аргентус Моунт” – Тетово, тел: 071 26 26 63 (пријави за Скопје)
Ана Котевска, ПСК “Копанки” – Битола, тел: 075 63 63 44
Снежана Новаковска, ПК “Тетекс” – Тетово, тел: 071 307 230
Билjана Донева, ПСК “Лисец” – Штип, тел: 072 263 289
Елена Ванчоска Секулоска, ПЕД “Ендорфин” – Кичево, тел: 071 254 766
Рухиде Адили, ПЕД “Шкупи” – Скопје, тел: 070 390 673
Розе Настоска, З.П.А “Трескавец” – Прилеп, тел: 075 465 852
Ирена Савевска, СПД “Пробиштип” – Пробиштип, тел: 071 271 572
Јасмина Ристовска, ЗПЗП “Козјак 2013” – Куманово, тел: 071 928 854
Марина Стоиловска, ПСК “Скопска Црна Гора” – Скопје тел: 070 266 338
Катерина Станковиќ, ПСК “Остри Врв” – Кратово, тел: 070 75 77 77
Пријавување: задолжително, најдоцна до 17.10.2024 год, 12:00 часот
Напомена: Акцијата е предвидена само за жени.
Секоја година, месец октомври се одбележува со настани за подигање на свесноста за ракот на дојка, па така и ние, жените планинарски водичи, во нашиот домен, учествуваме во оваа благородна кампања. Денот за подигање на свеста за ракот на дојката се одбележува на 15 октомври. Значењето да се биде едуциран за оваа болест не е за потценување, бидејќи статистиките покажуваат, ако ракот на дојка се открие во рана фаза, во 9 од 10 случаи може да се излечи, па оттука и важноста на раниот скрининг, на редовните контроли и свесноста за себе и своето здравје.
Должина на патеката: 21 км
Висинска разлика: 1050 D+
Стартна точка: Хотел Конак на Попова Шапка ( 1700 мнв )
Опис на патеката: Акцијата ја започнуваме со собирање на учесничките пред хотел Конак на Попова Шапка ( 1700 мнв ) од каде по летната ‘’Вакавска’’ патека ќе се искачиме до највисокиот врв на Шар Планина, Титов Врв ( 2747 мнв ). Враќањето ќе го изведеме по истата патека.
Напор: Акцијата е средно тешка
Времетраење на акцијата (вкупно): 10-12 часа
Опрема и облека (задолжителна):
– Планинарски чевли
– Планинарски стапчиња
– Облека соодветна на времето (капа, ракавици, јакна, полар, долги панталони)
– Челна ламба
– Очила за сонце
– Крем со заштитен фактор за сонце
Храна: Од ранец. Вода 2 литра
Тргнување од: 06 ч. од Скопје, за останатите градови ќе бидете известени за време на пријавувањето од вашиот организатор/водич
Зависно од бројот на пријавени, превозот ќе биде организиран со сопствен или со организиран превоз.
Напомени:
∙ Во случај на неповолни временски услови акцијата навремено ќе биде откажана
∙ Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водичите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици
∙ Водичите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ги почитуваат објавените насоки, не ја поседуваат соодветната планинарска опрема и не ги почитуваат насоките на водичите
∙ Водичите го задржуваат правото на промена на условите на објавената акција согласно условите на теренот