• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Изложба на фотографии на двајца македонски фотографи во Марибор

22/04/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На покана на Фото клубот „Марибор“ од Марибор, Словенија, фотографите Зоран Андонов од Тетово и Димче Коруноски од Охрид имаат заедничка изложба на фотографии. Изложбата беше отворена оваа недела во галеријата на Универзитетската библиотека во Марибор, а авторите пред словенечката публика се претставија триесетина фотографии.

-Јас пред словенечката публика се претставив со 15 фотографии во боја на тема „Пеливани“. Пеливанството, како вид на традиционална боречка вештина, секогаш е атрактивно како за гледања исто така и за фотографирање, бидејќи сета онаа физичка сила која пеливаните мораат да ја употребат во борбата, напорот, емоциите кои притоа се јавуваат на нивните лица, дава убава можност за да се добијат добри фотографии. Токму затоа, а и поради тоа што за пеливанството многу малку се знае на тие простори, овие фотографии наидоа на голем интерес кај словенечката публика“, изјави фотографот Зоран Андонов, кој е член на Фото групата „Чкрап“ од Тетово.

Најголем предизвик на Димче Коруноски во фотографијата се портретите и луѓето од улицата.

-Претежно работам фотографии во црно бела техника бидејќи мислам дека на тој начин по сугестивно можам да го доловам моментот на ликот кој ми позира или на минувачот кого сум го фотографирал. На овие мои 12 фотографии. со кои се претставив пред словенечката публика, има портрети на професори, мои пријатели, но и на сосем непознати луѓе кои некаде сум ги сретнал и фотографирал. Посебно ми се интересни мотивите кои ги фотографирав во ромското маало во градот Лесковац во Србија па на оваа изложба се претставив и со неколку вакви лајф фотографии“, вели фотографот Димче Коруноски, кој е претседател на Фото клубот од Охрид.

Изложбата на фотографии во галеријата на Универзитетската библиотека во Марибор ќе биде отворена до 8 мај 2023 година.

ас

 

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Две лица повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар, возилата беа пренасочувани

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!