Кинолошкото друштво „Балтепе“ од Тетово викендов организира национална изложба на расни кучиња и специјална изложба само за шарпланинци. Заинтересираните одгледувачи на кучиња имаат можност да се пријават заклучно со утре, четврток 5 октомври до полноќ.
-Оваа година државната изложба ја организираме во Брвеница во сабота и недела 7 и 8 октомври. Ринговите ќе бидат поставени на отвореното простор пред спортската сала „Кочо Рацин“ во ова место. Изложбите почнуваат до 10 часот двата дена. Очекуваме над 300 одгледувачи во двата дена, најави организаторот Мирослав Серафимовски од Кинолошкото друштво „Балтепе“ од Тетово.
Ова е државна изложба на која победниците ќе имаат национално оценување ЦАЦ (CAC-Certificat d’Aptitude au Championnat).
-За сите сите раси ќе се одлучува победник според надворешен изглед поделени по групи и по возраст (од шест до девет месеци, од девет до 12 месеци итн.) Оценувањето ќе го вршат вкупно пет судии, по двајца од Србија и Црна Гора и еден од Македонија. Државните прваци ќе добијат и пригодни награди-пехари, храна за кучиња, вели Серафимовски.
Минатата 2022 година за прв пат после 20-тина години во градот под Шара, Тетово имаше државна изложба за расата на автохтони кучиња Шарпланинци, од истите организитори, Кинолошкото друштво Балтепе кое е формирано во 2019 година.
Заинтересираните одгледувачи на кучиња може да се пријават за учество преку интернет платформата https://tetovo.e-kinologija.com
ас