Соопштение на СВР Тетово 22 мај 2024
Во рамките на континуираните активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедноста на сообраќајот, вчера (21-мај) во период од 09 до 14 часот спроведена е акциска контрола на пешаците и нивното однесување во сообраќајот. При контролата биле откриени и санкционирани 25 пешаци ( ТЕ-13 и ГВ-12). Најголемиот број од пешаците 18 (ТЕ-6 и ГВ-12) ги преминувале улиците надвор од обележани премини, а 7 (ТЕ) не ја почитувале светлосната сообраќајна сигнализација.
На сите прекршители изготвени им се поднесоци со парични глоби од 40 и 50 евра, како и покани за присуство на таканаречени сообраќајни поуки. Во акцијата, исто така, санкционирани се и 5 (ТЕ-4 и ГВ-1) други видови на сообраќајни прекршоци.
СВР Тетово го повторува апелот до пешаците да внимаваат кога и каде ги преминуваат улиците и како се движат по улици на кои нема обликувани тротоари, а возачите секогаш и секаде да им даваат предност, односно да ги пропуштаат пешаците, со што и едните и другите ќе придонесат за нивната и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот
Вчера (21 маj) од 08.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што биле откриени и санкционирани вкупно 12 возачи (ТЕ-8 и ГВ-4) за пречекорувања на пропишаната брзина надвор од населено место. Санкционирани се и 54 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-34 и ГВ-20). На возачите прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци.