Со делење летоци, кои денес беа само на албански јазик, Општина Тетово почна кампања за подигнување на еколошката свест и одговорност кон животната средина. Општинските службеници ги повикаа на помош учениците од основните училишта кои ги делеа летоците. Кампањата ја водат општинскиот инспекторат и одделнието за образование при Сектор за јавни дејности.
„Целта на денешната акција е подигнување на еколошката свест. Ова е еден мал проект, соработка на Општина Тетово, секторот за образование, секторот за инспекциски надзор, одделение за животна средина и 12 основните училишта од реонот на Тетово. Секој ден од месецот заедно со децата ќе делиме флаери за да им покажеме на граѓаните како треба да се справуваме со животна средина затоа што чисти патишта и чиста средина е најважно за нашето здравје. Најбитна е превенцијата за подигнување на еколошките свест. Ги повикуваме граѓаните да пријавуваат неправилно фрлање на отпад на несоодветни места на бројот на интернет страницата на општината или по електронски пат, изјави Мирдије Дервиши од Општинскиот инспекторат – Одделение за комунални дејности и животна средина.
Денес летоци делеа ученици од паралелките на албански наставен јазик во основно училиште „Братство-Миѓени“. Тие од училиштето, заминаа во центарот на градот каде почнаа да делат летоци со информативна содржина и наменета за подигнување на еколошката свест.
ас