• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Карапетров: Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово поддржуваме реализација на голем број инфраструктурни проекти и бараме вонредна седница за решавање на проблемот со кучињата скитници

09/05/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“, ВМРО-ДПМНЕ денес во Тетово организираше  трибина на тема ,,Социјални политики против иселување и сиромаштија”. Во воведниот дел на трибината се обратија градоначалниците на Јегуновце и Брвеница, Димитар Костадиноски и Јовица Илиевски, како и Ангел Карапетров, координатор на советничката група во Советот на Општина Тетово.

-Ние како дел од локалната власт успеавме дел од горливите проблеми на тетовчани да ги решиме, вели Ангел Карапетров, координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во советот на општина Тетово во воведниот разговор на денешната трибина насловена „Социјални политики против иселување и сиромаштија“.

Карапетров посочи дека како советничка група поддржале голем број на инфраструктурни проекти во делот на изградба и реконструкција на улици, како и изградба и реконструкција на водоводна мрежа.

-Ја завршивме улицата Страшо Пинџур, ја завршивме улицата Јане Сандански, улицата Димо Гавровски Кара. Го решивме водоснабдувањето во Фалише и Сараќино, во моментот мислам дека едната бушотина е пуштена и во Фалише и Сараќино пристигнуваат 15 литри во секунда вода, имаме уште една бушотина со 5 литри во секунда и мислам дека и таа ќе биде ставена во систем. Значи со 20 литри вода во секунда, чиста и здрава вода да имаат 8000 жители, додаде тој.

Карапетров рече дека како советничка група прават добри дела за сите граѓани без разлика на која етничка припадност припаѓаат.

-Ние знаеме да правиме добри дела за сите граѓани. Никогаш не мислиме само за еден етникум во Тетово, кажа тој.

Карапетров нагласи дека проблемот со кучињата скитници мора веднаш да се реши потенцирајќи дека како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ побарале вонредна седница на советот на која ќе се најде решение на овој проблем со кои се соочуваат тетовчани, но и ќе бараат од централната власт да помогне.
-Ние како советничка група побаравме вонредна седница на советот на општина Тетово со една точка на дневен ред односно да видиме како ние ќе можеме да го решиме локално проблемот, но не само локално туку ќе побараме од централната власт и регионално да го решава тој проблем, вели Карапетров.

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Александар Велјановски: Чувството на правна несигурност и немањето безбедност ги тера граѓаните од Полошкиот регион да се иселуваат

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!