На вчерашниот натпревар „Олимпик Опен” кој се одржа во спортскиот центар „Јане Сандански” Скопје, Карате клубот Тигар 2003 Беловиште настапи со седум натпреварувачи, во повеќе категории.
Ката тим женски 2015 прво место и златен медал за Мила Мишовска, Дарија Кочовска,Михаела Најдова.
Ката индивидуално второ место и бронзен медал за Михаела Најдова и Дарија Кочовска
Во Кумите-борба второ место за Ана Марија Мишовска (кадети под 47 килограми), Михаела Најдова( у10 +30кг), трето место за Филип Гавриловски (-45 килограми) и Дарија Кочовска (+30кг)
Јана Мирческа и Димитар Савески имаа одличен настап и со минимален пораз не успеаа да продолжат понатака, информираат од КК Тигар 2003 Беловиште