Тетовската каратистика Михаела Мишовска стигна до финалето во нејзината категорија под 50 килограми на Европското сениорско првенство што се одржува во Задар,Хрватска од 8 до 12 мај.
Во првиот меч против репрезентативката на Италија Петфето Ерминиа победи со резултат 7:7 по постигнато водство со СЕНШУ (прв освоен поен). Втората победа ја избори над репрезентативката на Грузија, Васаде Мариами со резултат од 5:4. Во третиот меч славеше против Амос Корал од Израел со резултат од 2:2. По судиското изјаснување на нерешениот резултат, борбата заврши со 3:2 во корист на Михаела. За влез во финалето славеше убедлива победа над Тзилиа Елени од Грција со водство од 4:1.
Во финалниот меч кој ќе се одржи во сабота 11.05.24 во 18:33 часот силите ќе ги одмери со хрватската репрезентавка и неколку кратна освојувачка на меѓународни медали Ема Сгардели.
И посакуваме успех во финалето и навиваме да ја слушаме македонската химна сред Задар на Европското карате првенство!
Тука може да се следи натпреварот во сабота