Во 2024 година ќе почне да се гради филтер станица за отпадни води, примарна и секундарна канализациона мрежа за градот и селата во рамките на општината, најави градоначалникот на Тетово, Биљал Касами на прес-конференција. Тој посочи дека Сектор за централно финансирање и склучување на договори при Министерство за финансии го објави тендерот, а смета дека тоа е дојдено поради големите напори на сегашната општинска администрација.
-Предходните раководители на општината, во два мандати, освен апликација и подготовка на проектите, не презедоа никакви понатамошни чекори во насока на следење на процедурите за успешно затворање на овој проект, оставајќи го пред неуспех и не давајќи никаков отчет пред граѓаните и пред меѓународните институции кои се многу строги во овој поглед. Со нашето доаѓање на чело на Општина Тетово, веднаш ги започнавме процедурите за продолжување на овој многу витален проект за Тетово и за околните села, за на крајот да го решиме проблемот со канализацијата во Тетово и селата вклучени во овој проект, истакна Биљал Касами.
Градоначалникот се пофали дека општината постапила за околу 1.400 предмети за експропријација.
-Во рекордно време, на ова се работеше само неколку месеци, додека претходното раководство пет години не успеа да реши ниту еден предмет, затоа што целта им беше да ги крадат граѓаните, а не да направат нешто добро за нив како и за жителите на околните села. Замислете, ги имаа на располагање сите механизми да го реализираат овој европски проект навреме, но гледаа само на нивниот личен интерес и огромни придобивки. Нема да застанеме само со овој голем проект, туку ќе продолжиме да аплицираме до сите релевантни европски и меѓународни институции за да се подобри инфраструктурата во Општина Тетово и да се обезбеди подобар живот на граѓаните. Сакам да им се заблагодарам и на граѓаните кои соработуваа со нас околу експропријацијата на нивните имоти, и што сфатија дека овој проект е од витално значење за сите нас, истакна Касами.
Tри месеци ќе трае поцедурата за доставување на документи и понуди, потоа следи тримесечен период за евалуација, по што ќе следи избор на фирмите кои ќе работат/ По изборот и еден месец за подготовка фирмите ќе имаат рок од две години за реализација.
Старата тетовска депонија во близина на Фалише која се расчистуваше во 2019 година е местото предвидено за пречистителна станица за отпадни води. Расчитувањето на депонијата се направи со финансирање од Владата на Кралството Норвешка. За градење на пречистителната станица, два колектори и нови канализациони мрежи добиени се средства од ИПА фондовите во висина од 30 милиони евра.
ас