Летечка театарска трупа од Тетово во соработка со Центарот за култура „Иљо Антески Смок“-Тетово на 9 октомври во 20 часот ќе ја изведе комедијата „Сомнително лице“, а собраните средства ќе се донираат за лекување на Дијана Димчевска Наумоска. Влезници има во Центарот за култура и во пицерија Форум по цена од 200 денари.
„Играме за Дики” – хуманитарно прикажување на комедијата „Сомнително лице“ на 9 октомври (среда) во 20 часот во НУЦК “Иљо Антески Смок” – Тетово. Заедно да се насмееме до солзи и да си поминеме убава театарска вечер воедно помагајќи и на нашата Дијана Димчевска Наумоска да се избори со лошата болест, порачаа од Летечка театарска трупа од Тетово.