Во недела 23 април КК Тетекс ТТК има дуел со КК Струмица во Тетово како прв натпревар од плеј-оф разигрувањето за влез во Втора лига. Натпреварот се игра во спортската сала на економското училиште „8 Септември“ со почеток од 18 часот.
-Ни претстои плејоф период во кој ние заедно со вашата поддршка ќе се обидеме да се вратиме таму каде што ни е местото и да обезбедиме пласман во Втората Македонска Лига. Затоа ве покануваме сите љубители на кошарката и спортот на 23.04.2023год. во 18:00ч. во Економско училиште, порачаа од КК Тетекс.