Со свечено отворање на колективната изложба заврши годинешата 14-та по ред Меѓународна уметничка колонија во организација на Националната установа Уметничка Галерија Тетово.
Пред тетовската публика изложени се делата кои 16 уметници ги создаваа во текот на колонијата која се одржи од 26 до 31 август на Попова Шапка.
-Имавме 16 учесници на Колонијата од повеќе држави Северна Македонија, Косово, Албанија, Италија, Украина и Бугарија. Тие пет дена уметниците имаа можност да создадат дела со различни техники, со различни форми, различни креации, уметничкиот израз беше слободен, така сметавме дека е најдобро и тие се чувствуваат така дека е најдобро. Многу сум горд што успеавме да ја збогатиме нашата продукција со вакви прекрасни дела од многу значајни автори. Имавме спој на уметници од повозрасните генерации кои се измешаа со помладите генерации, со цел размена на искуства едни од други, како и спој на различни култури и тоа го имавме во предвид при организацијата, изјави директорот на Уметничка Галерија Тетово, Илир Куртиши.
Во текот на колонијата се создадени повеќе од 30 дела, а уметниците се претставуваат на колективната изложба со избор на едно дело кои ќе останат во колекцијата на Уметничката галерија во Тетово. Уметничките слики ќе бидат изложени во следните седум денови.
ас