Детскиот хор „Лале“, под диригентска палка на проф. д-р Ивица Зориќ на 9-ти ноември (четврток) организира концерт на детска хорска музика, во Домот на АРМ (НУ „Музеј на тетовски крај“), со почеток во 19 часот.
На настанот ќе бидат изведени 10-тина песни со различна тематика, од творечкиот опус на Борислав Јоргушески – Боби. Главната цел на настанот, меѓудругото е и негувањето на здрави музички навики кај најмладите и популаризација на ваквиот вид на музика кај младите генерации.
Со концертот воедно ќе биде одбележан и 75-тиот роденден на диригентот, проф. д-р Ивица Зориќ.
Асистент диригент е Теодора Ветероска.