Културно уметничкото друштво „Иљо Антески-Смок“ од Тетово вечерва со низа активности одбележа 102 години од формирањето на матичното друштво „Бинички“ како и 77 години од возобновувањето на Друштвото.
Деца од седум до 12 години, нова генерација играорци при фолклорниот ансамбл на на КУД „Иљо Антески-Смок“ – Тетово настапија вечерва на одбележувањето на годишнината на Друштвото.
Уметнички раководител и кореограф на групата е Бобан Трпковски.
Во концертната сала на НУ „Музеј на Тетовски крај, поранешен Дом на Армија, каде што се одржаа активностите беше и поставена изложба на дел од фотографиите од активностите на Друштвото во изминатите години.
Пред публиката поетесата Николина Савеска прочита дел од песните на напишани од Иљо Антески-Смок, а со делови од драмски монолози се претставија членовите на Драмското Студио под менторство на професорката Анѓелина Костовска. Музичко-балетски настап имаше Дарија Михајловска.
Изложени беа и цртежи од членови на Клубот на ликовни уметници при КУД „Иљо Антески-Смок“, кои работеа под менторство на Татјана Антевска Марковска. Изборот на фотографии беше направен од Горан Ѓоровски и Матеј Бошковски.
ас