Денес Локалниот младински совет на Oпштина Тетово организираше активност со слоганот „Ние сме пролет“. Учесници беа средношколци од сите тетовски средни училишта кои формираа групи со цел изведување на повеќе активности.
„Како што и самиот слоган кажува „Ние сме пролет“ активностите беа насочени со цел да се одбележи пролетта преку разни форми и перцепцијата на младите за ова годишно време. Учесниците, учениците од средните училишта како и паралеката при ОУ „Лирија“ за деца со посебни потреби се поделија во групи и направија цртежи, напишаа поезија и песни, информираше Елма Шерифи, претседателка на Локален младински совет.
Активностите се одвиваа во паркот кај Шарена џамија.