• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Љупчо Марковски-Калц: Мора сите да дадеме максимум за опстанок на Тетекс

17/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

ФК Тетекс утре, сабота 18 февруари го игра првиот натпревар од пролетниот дел од сезоната, како домаќини на Охрид. Натпреварот ќе се игра од 14 часот игралиштето на Спортскиот центар во Тетово.

Фудбалската легенда Љупчо Марковски-Калц кој од 16 јануари почна да го води ФК Тетекс како шеф на стручниот штаб информира дека ги имале сите услови за добри подготовки. Се надева дека ќе бидат дадени максимални напори од играчите на терен за се обезбеди опстанокот во Втората фудбалска лига.

-Управата ни овозможи добри услови за тренинг, бевме во Дојран и тука на спортскиот центар. Од секој аспект, критериумите беа задоволени, со една голема пожртвуваност на клубот. Тетекс има доста нови играчи, имаме засилувања но и млади играчи кои својата афирмација ќе ја бараат тука. Подготвките беа можност да се даде шанса на сите.  Никој нема магично стапче, но подготвени ќе го почнеме првенството, како што ги гледам работите, работите одат кон подобро. Имаме 3-4 сериозни играчи и другите млади кои сакаат да се афирмираат и се тоа треба добро да се компонира.  Се надевам на поддршка од Војводи. Мора ние доле на теренот заедно со публиката да успееме во опстанокот, да дадеме максимум. Во ваква ситуација нема други клубови кои речиси од нула тргнуваат. За Лигата, Вардар е број 1, добро е екипата и по состав и по квалитет. Вардар и уште три екипи се издвојуваат, другите ние секој секого може да победи, изјави Марковски.

Почетокот на полусезоната се поклопува со значаен датум за клубот 18.02.1953 кога пред 70 години е формиран ФК Тетекс.

На истиот датум 18.02.2023 покрај одбележувањето на нашиот роденден започнуваме и со нашата борба за спас во Втората лига, за спас и незгаснување на клубот. 70 години традиција, 70 години постоење, 70 години расадник на фудбалери, 70 години бренд во Македонија и пошироко. Затоа дојдете сите масовно да го одбележиме нашето 70 годишно постоење и да ја започнеме борбата за спас со победа, повикаа од ФК Тетекс.

ас

Поврзани објави

Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Следна објава

Инструктор од САД ги обучуваше тетовските полицајци за специјални интервенции

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.