Максим Абдулхаликов е 23 годишник од Америка кој живее во Тетово, и како волонтер помага во Националниот парк Шар Планина и Општина Тетово. Тој е дојден како член на Мировниот корпус, американска владина агенција која испраќа волонтери да живеат и работат во земјите во развој во период од 27 месеци. Интересот за словенската група на јазици е причината да ја избере Македонија.
„Се приклучив на Мировниот корпус за да учам и да работам во друга земја за да научам за различни култури. Всушност мајка ми работеше во Мировниот корпус пред 30 години и така кога била на мисија во Казахстан го запознала татко ми таму и така се имаат мене. Јас секогаш растев учејќи за Мировниот корпус затоа што мајка ми имаше многу добро искуство пред 30 години. Зборувам малку руски јазик, поради татко ми и сакав да одам на место каде што се зборува руски. Но кога ги видов опциите за немаа ништо, но потоа ја видов Македонија и видов дека овде се зборува словенски јазик и дека има некои сличности меѓу македонскиот и рускиот. И мислев дека е добра можност да научам нов јазик покрај рускиот“, се потсетува Максим.
Кога дошол во Македонија три месеци живеел во семејство во Гостивар па така делумно го научил македонскиот јазик.
„Иако бевме само јас и баба Деса, беше супер неверојатно искуство да можам да живеам со неа. Таа е многу гостопримлива и таа е неверојатен готвач, знаеше да готви неверојатно. И покрај тоа што сега живеам во Тетово, сè уште одам и ја посетувам. Бев за нејзината слава Свети Никола и заедно прославивме со нејзиното семејство кои дојдоа да ја посетат. Јадевме неверојатна храна и беше навистина вкусно, раскажува младиот Американец.


Тој тука е ангажиран во разни проекти кои се поврзани со младите.
„Во националниот парк, мојата главна цел е да се обидам да ги вклучам младите во заштита на животната средина, учејќи за биолошката разновидност во апсолутно прекрасниот шарм на Националниот парк. На пример, изминатава есен организирав планинарски тури, напишав грант за да добијам пари за да ангажирам водич и имавме многу локални студенти од Тетово, Гостивар, полошкиот регион со кои одевме во планина. Некои од студентите не биле во планина, иако тоа е токму овде и тоа беше одлична можност за нив да се запознаат со природата што ја имаме овде“, вели Максим.
Во Општина Тетово е ангажиран во Младинскиот совет на локалната самоуправа.
„Работиме на иницијативи што сакаат младите. Што сакаат да се случи во градот, како дали сакаат нов парк или нешто или можеби кино или што е приоритет на младите. Покрај тоа, покрај тоа што работам со младите, имам и искуство со правење мапи. Посетив некои факултетски курсеви за програма наречена ГИС која во основа е компјутерска програма. Тоа се користи за правење различни мапи за националниот парк или за општината, па затоа направив мапи, за да можеме да создаваме податоци и да ги следиме податоците за со цел подобра заштита на животната средина овде во Националниот парк“, рече Абдулхаликов.
Блискоста меѓу луѓето тука во Македонија за него е позитивно изненадување
„Такво место е особено овде во Тетово, сите се грижат еден за друг. И тоа е нешто што можеби малку ни недостига во Америка понекогаш е малку безлично што можеби не ги знаеш твоите соседи или нешто слично. Мислам дека тоа е апсолутно неверојатно и тоа е една работа што навистина ја сакам од културата овде.
Друга невообичаено за него била големината на земјата.
„Јас живеам во Вашингтон, главниот град. Моето семејство сме возеле можеби 15-16 часа за да одиме да ја посетиме тетка ми која живее во друга држава. Овде, секако, земјата е помала и одејќи од едната страна на другата страна на земјата, потребно е малку време. Минатата година кога можев, патував со автобус и за неколку часа бев на другиот крај од Македонија во Струмица. За мене како некој што е заинтересиран за македонската култура и гледање на различните градови во земјата е кул затоа што можам да патувам, вели Максим.
Пред да дојде во Македонија, тој нашата држава ја запознал како земјата на фудбалерот Горан Пандев, бидејќи многу го сака и го следи фудбалот.
Мировен корпус на волонтерите им обезбедува простор да работат во области како што се образованието, здравството, земјоделството, економскиот развој на заедницата и животната средина. Меѓу целите на Мировниот корпус е промовирањето со цел подобро разбирање на Американците од страна на народите каде се дојдени како волонтери. Над 240.000 Американци служеле во Мировниот корпус од неговото основање во 1961 година, инаку во времето на претседателот Џон Кенеди.
ас
фотографии лична архива на Максим Абдулхаликов