Соопштение на СВР Тетово 19 јуни 2024
На 19.06.2024 околу 02.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – с.Јажинце, во с.Глоѓи, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Копачин дол, удрил во домашно животно – крава. Во несреќата возачот се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
На 19.06.2024 во 05.40 часот во ОВР Гостивар, било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, патничко моторно возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.З.(50) од тетовска Мала Речица, удрило во диво животно – мечка. Повредени нема, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.
На 18.06.2024 во 22.30 часот со СВР Тетово, 64-годишен тетовец пријавил дека неговиот син А.И.(30) агресивно се однесувал кон него во семејниот дом. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18.06.2024 во 14.00 часот на ул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.И.(41) од Тетово затоа што кај него била пронајдена кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.06.2024 во 06.10 часот во Полициско одделение Камењане, А.М.(71) од тетовско Долно Палчиште пријавил дека во периодот од 20.00 часот на 17.06. до пријавувањето со употреба на физичка сила и тврд предмет било влезено во неговата штала и му билe одземени јагниња. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18.06.2024 во 20.15 часот во Полициска станица Гостивар, М.У. (53) од гостиварско Чајле пријавил дека во периодот од 16.00 часот на 16.06.2024 до 16.00 часот на 17.06.2024 година од неговата штала му биле одземени овци и јагниња.
На 18.06.2024 во 21.35 часот во Полициска станица Гостивар, Л.Т.(66) од Гостивар пријавила дека околу 20.00 часот во слаткарница во Гостивар, таа и нејзината внука биле физички нападнати од сопственикот на слаткарницата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.06.2024 во 04.50 часот во СВР Тетово, 41- годишен жител на тетовско село пријавил дека неговиот брат Е.А. физички го нападнал нивниот татко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.