Соопштение на СВР Тетово 20 март 2024
Вчера (19 март) во 11 часот и 20 минути Д.П.(61) од тетовска Брвеница во СВР Тетово пријавил дека на улица „Видое Смилевски-Бато“ бил каснат од куче скитник.
Триесет и шестгодишната тетовка Р.В., вчера (19 март) во 21 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавила дека на улица „Љубо Божиновски-Пиш“ во Тетово нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.