На Попова Шапка денес манастирската црква Свети Наум Охридски Чудотворец го празнуваше својот патрон.
По литургијата која ја отслужија тројцата свештеници од МПЦ-ОА, благословени и прережани беа трите лебови од кумовите на прославата Катица Бојковска, Жарко Видоевски и Јовица Смиљјановски.
Се јавија тројца нови кумови кои најдоа парички во нивните парчиња, а уште двајца дополнително изразија желба да бидат кумови на прославата за наредната година.
-Јас бев една од кумовите, во 2023 ми се падна паричето во славскиот колач, а годинава среќа имаше мојата внука Марија Деановска која живее во Кичево, изјави Катица Бојковска.
Во житието на Свети Наум Охридски Чудотворец се вели дека се откажал од богатството, им се придружи на рамноапостолните браќа Константин филозоф и Методиј во 863 година кога заминал со нив во земјите на Централна Европа. Се упокои во 910 година.
ас