• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Манастирската црква во Мала Речица денеска го одбележи празникот Ѓурѓиц

16/11/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Манастирското настојателство и кумовите организираа прослава на празникот Пренесување на моштите на светиот великомаченик Георгиј Победоносец-Ѓурѓиц” за 2021/2022 при манастирскиот комплекс Свети великомаченик Георгиј Победоносец во Мала Речица.

По повод празникот Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф  изврши мал водосвет и го прекрши празничниот колач.

Владиката г.Јосиф се обрати кон верниот народ кој меѓу другото нагласи: Денеска се наоѓаме во овој свет манастир во М.Речица, кој што е посветен на овој Божји угодник, кој својата вера ја потврди со својот живот.Божјите угодници во нашите свети цркви ги прославуваме со двојна цел. Прво, да се поучиме од нивниот животен пат за да можеме да ги подражаваме, а истовремено во светиот храм доаѓаме за да оствариме средба со нашиот Спасител Господ Исус Христос. А пред сè таа средба ќе ја оствариме, соединувајќи се со Него, преку светата тајна Евхаристија. Сите ние треба да извлечеме една поука од животниот пат на св. Георгиј, дека треба цврсто да веруваме и да Го исповедаме нашиот Спасител Господ Исус Христос, Кој од преголема љубов кон човечкиот род, слезе од небесните височини, прими тело од Света Дева Марија, поучуваше, правеше чуда, лекуваше секакви болести и на крај неблагодарните луѓе Го предадоа, претрпе страдања и понижувања и беше распнат и тоа на крст, како разбојник, иако не направи никаков грев, но исто така славно и победоносно воскресна. Ја основа св. Црква, и во неа ги остави Светите Тајни за да можеме ние да веруваме и да Го исповедаме и да добиеме вечен живот, доколку навистина живееме онака како што бара од нас св. Црква, односно нашиот Спасител Господ Исус Христос. Да се обратиме со искрена молитва кон св. Георгиј, да всади во нашите души барем малку од неговата силна вера, та и ние да можеме да го исповедаме и да посведочиме дека сме негови следбеници, сега и во сета вечност.

Поврзани објави

ВМРО ДПМНЕ Тетово ОК
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Реакција на Фејсбук објавата на градоначалникот Биљал Касами

22/03/2023
Вести

СДСМ: Градоначалникот Биљал Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

22/03/2023
Вести

За 80 денови 1192 мерки за непрописно паркирани возила, 946 подигнати со пајак-возило

22/03/2023
Вести

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија – донација од советникот Станислав Бојчески

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија на 22 март

22/03/2023
Следна објава

Тетовското комунално претријатие со општинска финансиска помош ќе исплаќа заостанати плати, само 25% од граѓаните ги плаќаат сметките од ЈКП

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.