По 12-ти пат утре сабота 21 септември 2024 година во тетовско Теарце ќе се одржи традиционалната манифестација „Денот на гравот“. Ќе се одржува во дворот на основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“, а почетокот е закажан за во 15 часот.
„Овој настан веќе има создадено трајна традиција и нуди единствена можност за обединување на заедницата преку културното наследство, надминување на меѓуетничките бариери и промовирање на вредностите од полошкиот регион и пошироко. Фестивалот годинава е дел од активностите организирани на европско ниво, а заедно со над 30 организации од цела Европа ќе ги одбележиме „Деновите на европскиот зелен појас“ преку саем на локални претприемачи, училишни изложби, рурално кино, традиционална храна, како и музика и танци од различни култури“, информираат организаторите од Центарот за едукација и развој