Соопштение на СВР Тетово 8 март 2024 година
Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер (7 март) околу 22 часот во тетовско Боговиње го лишиле од слобода 36-годишниот Л.З. од ова село затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. Исто така, поради сомнение дека потекнува од кривично дело „фалсификување“, времено му било одземено и патничкото возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал. Лицето е задржано во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Во рамките на акциска контрола, спроведена ноќеска (8 март) дваесетина минути по полноќ во угостителски објект во тетовско Жеровјане, сопственост на 34-годишниот Х.А. од тетовско Боговиње, кај 40-годишната А.Д. од Охрид бил пронајден и одземен нож. Нож, исто така, бил пронајден и одземен и од В.О.(38) од тетовски Пирок. На двајцата им се изготвени поднесоци по член 80 од Законот за оружје.