• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 5 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Министер Ристо Пенов: Поголема децентрализација за општините кога ќе има политичка волја

30/11/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Процесот за поголема децентрализација на општините е зависен од политичката волја. Ова е резимето на одговорот на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на новинарско прашање во Тетово кога и како ќе имаат општините поголеми надлежности.

Тука најмногу се мисли на финансова децентализација односно општините да добиваат повеќе средства од што државата ги собира преку данокот на додадена вредност.

-Датум не може да има но на тие процеси се работи, се бара моментот кога ќе има политичка волја за да еден таков системски закон помине и во парламентот. Од една страна точно е, на општини како Тетово и другите поголеми општини треба да им се даде многу брзо поголема можност да функционираат самите и самостојно. Но исто така има и општини и каде овој тип на мали ингеренции се уште не можат да ги исполнат како што треба. На натамошните чекори за децентрализација се работи. Во моментот парламентот е блокиран, не е реално да се очекува да отвориме една таква дебата во овој момент, изјави Пенов на новинарски прашања по потпишување на договор со Општина Тетово.

Градоначалникот Биљал Касами рече дека во ситуацијата во која се наоѓаат општините немаат доволни можности за да им излезат во пресрет на граѓаните и затоа се смета дека се потребно да се зголеми динамиката на децентрализација.

Ние не може да кажеме за нови приходи односно зголемување на децентрализацијата односно ингеренциите на општината се додека го немаме реализирано и овој план кој го имаме. Има некои предлог ЗЕЛС, има разговори и во Владата за продолжување на таа динамика но за жал кај нас од се прави политика. Мислам дека развојот на општините нема ниту етнички ниту политички карактер туку тоа е во интерес на сите граѓани без разлика на која политичка групација припаѓаат. Се додека немаме власт поблиску до народот, а тоа е локалната власт, ние ќе имаме такви ситуации кога се губи и време и средства во овие комплицирани ситуации. Еден од главните проблеми на општина Тетово е тој урбан хаос во кој се наоѓаме. За мене е несфатливо особено ДУП да одат на усвојување во Министерството за транспорт, разбирливо е да ГУП и Просторниот план кои се и национален интерес да бидат изменаџирани со централна власт во делот на Минситерството за транспорт но кога работиме и разговараме за внатре организирање на градовите на општините, тоа би било да биде чиста локална општинска надлежност, изјави Касами.

Според него централната и локалната власт такви препрелетувања на надлежностите имаат и во други области како земјоделие и слично.

ас

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

МВР: При претрес приведени шест лица, пронајден кокаин

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.