До верниците во тетовско-гостиварската епархија по повод Раѓањето на Исус Христос-Божиќ еден од најзначајните празници во православната црква, честитка испрати надлежниот митрополит г. Јосиф.
-Возљубени чеда на Тетовско-гостиварската епархија при Македонската Православна Црква. Како Ваш духовен пастир Ви го честитам Рождеството Христово и новото лето Господово. Новородениот Богомладенец постојано не повикува преку верата и добрите дела да се спасуваме од суетите и минливоста. Не повикува да не ги заборавиме оние кои страдаат и имаат потреба од помош, од подадена рака и од утеха. Спасителот Христос не повикува на мир Божји, на мир во себе и со сите околу нас. Христијански е да ги сакаме сите луѓе, дури и непријателите наши. За овој Божиќ да пораснеме во човечноста и човекољубието, во родољубието и домољубието, да израснеме во љубовта зошто со неа се можеме. Љубовта се простува и се победува, Честит и благословен Божиќ и новото лето Господово-Амин, истакна владиката г. Јосиф.
Денес по повод Бадник владиката отслужи празнична литургија во тетовскиот соборен храм Свети Кирил и Методиј, а празнична вечерна богослужба одржа во манастирот св. Георгиј Победоносец, во Мала Речица.
Утре на денот на Христово Раѓање-Божиќ, владиката ќе отслужи празнична литургија во храмот Пресвета Богородица во Гостивар.