Соопштение на СВР Тетово 6 јуни 2024
На 05.06.2024 во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат Бањиче –Тетово кај мостот, А.Д.(30) од Тетово, управувајќи мотоцикл „априлија“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од пат. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот А.Д., констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
На 05.06.2024 во 20.15 часот во СВР Тетово, Д.Т.(70) од Скопје пријавил дека во тетовско Теарце бил каснат од куче скитник.
На 05.06.2024 во 12.45 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода Б.З.(41) од тетовско Горно Седларце, затоа што во просториите на полициската станица агресивно се однесувал и се заканувал на полициските службеници кои вршеле службени дејствија, а се обидел и физички да нападне еден од нив. Тој е задржан во полициска станица и при преглед во неговото возило бил пронајден и одземен остар предмет. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 05.06.2024 во 16.15 часот во СВР Тетово, Х.Р.(43) од тетовски Челопек пријавил дека настанал пожар во неговото патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое 10 минути пред тоа го паркирал во гаражата во дворот. Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат со помош на соседите и со интервенција на Тетовската територијална противпожарна единица. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.
Во рамките на континуираните активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедност на сообраќајот, вчера (05-јуни) во периодот од 16.00 до 21.00 часот спроведена е акциска контрола за прекршоците што ги прават возачите на мотоцикли.
При контролата биле откриени и санкционирани 23 прекршоци (ТЕ-13 и ГВ-10), од кои најголемиот дел биле за некористење на заштитен шлем-кацига 13 (ТЕ-7 и ГВ-6), потоа 5 (ТЕ-3 и ГВ-2) за управување без возачка дозвола и 3 (ТЕ-2 и ГВ-1) со непродолжена осигурителна полиса, 1 (ГВ) нерегистриран мотоцикл. Против возачите биле поднесени соодветни поднесоци, а при контролата биле констатирани и санкционирани 2 (ТЕ) останати сообраќајни прекршоци.
СВР Тетово апелира до возачите на мотоцикли навремено ги продолжуваат осигурителните полиси или регистрации, да не управуваат со мотоцикл без положен возачки испит, затоа што секоја сообраќајна незгода која се случила со учество на мотоцикл, крајните последици биле сериозни, а со тоа ќе придонесат за личната безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.