Македонско-хрватско друштво (МХД) Тетово во соработка со Заедница на Хрвати од Штип организираат изложба на музејска поставка во Тетово на која ќе се прикаже традиционалното минато на хрватската заедница. Настанот ќе се одржи во сабота 22 април во поранешниот Дом на АРМ- сега Музеј на тетовски крај.
-Поставката е збир на стари предмети, ковчег со ткаенини, ракотворби, традиционални носии, чипки и други предмети кои датираат од 50-тите години од минатиот век, а нивното потекло се поврзува со доаѓањето на Хрватите во Штип.Носиите се од Ѓаково и од Далмација, информираа од МХД Тетово.
Музејската поставка ќе биде проследена со настап на градскиот хор „Штип 2019“, а настанот започнува од 18 часот.
ас