Детскиот мешан хор Крешендо (Crescendo) формиран во март годинава, на 16 јуни ќе има премиерно музичко шоу заедно со балетското студио Менада од Тетово. Аматерскиот вокален ансамбл во кој членуваат деца и ученици во музичкото училиште од 6 до 15 години, го раководат диригентките м-р Фотини Георгиадис Кировска и проф.Марија Пулковска Здравковска
„Повелете на 16.06.2024 (недела) во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок со почеток во 18:00 часот да го проследите музичкото шоу заедно со нашиот детски мешан хор Крешендо (Crescendo) и балерините од балетско студио Менада и нашиот специјален гостин Влатко Лозановски, информираат од хорот.
Kартите за концертот се во продажба во книжарница „Хартија комерц“ (карши пазар) со цена од 200 денари.