Во станиците за технички преглед, сè уште МВР ги нема доставено налепниците со ознака НМК, иако рокот до кога треба да се сменат ознаки МК е 12 февруари.
Вработените во станиците за технички преглед секојдневно се соочуваат со барања од сопствениците на возила, на кои им објаснуваат и одговараат дека сè уште ги немаат добиено од надлежното министерство.
Поради Преспанскиот договор регистарските таблички наместо ознаката МК треба да ја смени со таблички или со налепница НМК. Таква налепница треба да имаат и оние возила кои досега немале ознака и имаа три бројки.
Од МВР одговараат дека бил склучен договор за нарачка со избраниот економски оператор, за испорака на налепниците.
-Течат законските рокови, истите ќе бидат доставени до сите технички прегледи во цела држава. Налепница НМК треба да набават сите сопственици на возила чии регистарски ознаки немаат никаква ознака или имаат ознака МК, информираат од МВР.