Соопштение на Министерството за внатрешни работи 29 јуни 2024
На 28.06.2024 во 09 часот, на улицата „Партизанска“ во Струга, полициски службеници ја лишиле од слобода М.У.(43) од селото Пршовце, општина Теарце, затоа што претходно, со палење оган пред станбен комплекс на улицата „Партизанска“ во Струга, предизвикала општа опасност. По целосно документирање на настанот, против неа, ќе биде поднесена соодветна пријава.