• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Инфо компас

Вечерва од 19 часот ќе биде изведена комедијата „Самоубиство во самоодбрана“ на Алтернативен театар „Отпишани“ од Скопје

Комедијата „Самоубиство во самоодбрана“ ќе биде изведена во Центар за култура „Иљо Антески – Смок“ како заедничка соработка помеѓу Алтернативен театар „Отпишани“ Скопје и Драмското студио при Здружението за култура и уметност „Иљо Антески Смок“- Тетово.

22/12/2022
во Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Комедијата „Самоубиство во самоодбрана“ ќе биде изведена во Центар за култура „Иљо Антески – Смок“ како заедничка соработка помеѓу Алтернативен театар „Отпишани“ Скопје и Драмското студио при Здружението за култура и уметност „Иљо Антески Смок“- Тетово.

Воедно оваа претставата претставува завршна активност по повод 100 годишниот јубилеј на Здружението за култура и уметност „Иљо Антески Смок“- Тетово. Претставата ќе биде изведена на 22 декември 2022 година четврток со почеток во 19 часот.

Театарската претстава „Самоубиство во самоодбрана“ работена е според истоимениот драмски текст на Марјан Анѓеловски, а во режија на Александар Јовановски и Марјан Анѓеловски.

-„Самоубиство во самоодбрана“ е драма која зборува за животот, човештвото, љубовта и стравовите. Основната линија на дејствието се одвива на железничката станица каде што Веселин го чека возот под кој сака да се фрли. Тука, навидум случајно, се сретнува со самопрогласениот поет Горјан, и транс-жената Ева. Оваа линија е испреплетена со сеќавања од неговото минато од кои ја дознаваме причината за неговото доаѓање до оваа крајна станица. Картите се отвораат, маските паѓаат, вистината излегува на виделина, велат од Алтернативниот театар „Отпишани“-Скопје.

Сценографијата на претставта е на Ристе Мицевски. Улогите ги играат актери Алтернативен Театар „Отпишани“ – Скопје: Петра Ивановска – во улога на гласот на Александра, Ивана Стамевска – во улога на духот на Александра, Марјан Анѓеловски – во улога на Веселин, Јасмин Рамани – во улога на Горјан и
Огнен Велевски – во улога на Ева.

Влезниците се пуштени во продажба и тоа во износ од  200 денари. Информации и резервации на телефон  078/589-095 или во ЦК „Иљо Антески – Смок“ Тетово.

Поврзани објави

Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 31 мај

30/05/2023
Инфо компас

Програма за утрешниот настап на Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“

30/05/2023
Следна објава

Најдено безживотно тело на 16 годишник во река Пена кај Бањиче 

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!