Денеска (10 март) околу 11 часот и 55 минути во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот Тетово – Гостивар, во близина на Пирочкиот мост, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале: џип со тетовски регистарски ознаки управуван од 41- годишниот гостиварец А.К. и “ауди”, исто така, со тетовски ознаки, што го управувал Х.М.(42) од Гостивар.
„Во несреќата, возачот на „аудито” и шест сопатници од истото возило се здобиле со телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош“, информира портпаролот Марјан Јосифоски.
На местото на несреќата извршен е увид од екипа на СВР Тетово.