Соопштение на СВР Тетово 27 мај 2024
На 26.05.2024 на Граничен премин Јажинце, полициски службеници го привеле А.А.(26) од тетовско Јеловјане, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. При приведувањето кај него била пронајдена и одземена марихуана. Во 17.15 часот лицето било предадено на полициски службеници од СВР Тетово, по што бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
……
На 27.05.2024 во 00.40 часот на улица ,,Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле А.Д.(20) од тетовско Фалише затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. Лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.
……
На 26.05.2024 во 10.50 часот во СВР Тетово, Р.Л.(53) од тетовско Горно Палчиште пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од Ш.С.(73) од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
……
На 26.05.2024 во 19.30 часот во Полициското одделение Камењане, Б.М.(46) од гостиварско Неготино пријавил дека околу 15.30 часот под тетовско Јеловјане, поради претходно недоразбирање бил физички нападнат од Ф.Р.(65) од Камењане. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и ќе следува соодветен поднесок.
……
На 26.05.2024 околу 12.00 часот во ОВР Гостивар, 26– годишна девојка од Македонски Брод пријавила дека претходниот ден околу 22.00 часот во Тетово била физички нападната од нејзиното момче О.С. од Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
……
На 27.05.2024 во 00.40 часот во СВР Тетово, М.С.(19) од Тетово пријавил дека претходниот ден околу 22.50 часот пред станбена зграда каде што живее во Тетово бил физички нападнат од Е.Е. од Тетово и уште неколку други лица. Се преземат мерки за расчистување и документирање на случајот.
……
На 27.05.2024 во 05.00 часот во тетовски Порој, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.И.(19) од тетовско село, кој бил пријавен од неговиот 59-годишен татко дека околу 04.30 часот во дворот на семејната куќа физички го нападнал и му упатил закани. Според пријавеното, тој употребил и метален предмет и го оштетил ветробранското стакло од неговото возило. Тој е задржан во полициска станица и по расчистување и документирање на случајот и против него ќе следува соодветен поднесок.
……