Тетовската полиција информира за пријава на жител на Желино-тројца од неговиот син одзеле пари и документи и било и пукано.
На 13.08.2023 во 21.40 часот во СВР Тетово, Ш.Р. од тетовско Желино пријавил дека на паркинг во с.Сиричино од страна на Д.А., О.Р. од с.Чегране и уште едно лице било пукано со огнено оружје кон неговиот син С.А. од Желино, при што му била одземена и чанта со пари и лични документи. Според пријавеното, С.А. и Д.А. имале нерасчистени должничко доверителски односи и судски спор во Швајцарија. Увидна екипа од СВР Тетово извршила увид и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот, по што против инволвираните ќе следуваат и соодветни пријави.
На 13.08.2023 во 23.00 часот во тетовско Јегуновце, полициски службеници од Полициското одделение Јегуновце го привеле В.Н.(42) од тетовско Раотинце затоа што 22.30 физички го нападнал С.Г. (54) од село Копанце. Сучајот се расчистува и документира, по што ќе следува и соодветен поднесок.
На 13.08.2023 во 22.30 часот на улица ,,Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле З.Н.(53) затоа што агресивно се однесувал кон нив при извршување службени дејствија. По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок
На 13.08.2023 во 14.20 часот на улица ,,Никола Карев“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.С.(22) од Тетово затоа што во семејна куќа физички ја нападнал неговата мајка. Лицето било задржано во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе следи и соодветен поднесок.