• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

На промоција на асфалтирана улица во Тетово повторно се вееше знаме со карта на т.н Голема Албанија

25/08/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

За завршеното асфалтирање на улица „108“ денес Општина Тетово ги повика медиумите за да изврши промоција, а таму повторно се најде знаме со карта на таканаречена Голема Албанија и Република Албанија, без државното знаме.

Иако општината ги повика новинарите на настанот, градоначалникот Касами вели дека граѓаните го поставиле како одговор, како што рече, на провокации на власта.

– Општина Тетово се занимава со тоа што е обврска на општината, а тоа е да инвестира во патната инфраструктура и подобрување на животот на граѓаните. Другиот дел е акција и реакција. Акцијата на Владата и политичките партии на власт кои ги диригираат правните институции и пуштија пријави за мене и за општината во делот за тоа што најмалку би требало да се упуштат. Реакцијата на целиот државен врв и сите политички партии во Владата беше во правец на тоа дека јас треба да одговарам и за жал многу брзо правните институции, полицијата, Обвинителство и судовите преземаа мерки. Доколку оваа правна државна беа така агилни и во други ситуации каде изгоре луѓе, каде изгинаа луѓе, каде се луѓе по затвори во монтирани случаи, како што се неколку во државата секако дека не би имале време да се занимаваат со вакви ситуации. Јас сум цврсто убеден дека тоа е случај-политичка порака до мене и до сите кои мислат дека спротивно на оваа Влада дека ако работат спротивни на нивните партиски интереси и нивните личните интереси, ќе можат да ја имаат мојата судбина. Но веќе не само јас туку, сите граѓани не се плашат од ваквите уцени, луѓето веќе се убедени дека мора да има промени на централна власт за да имаат можност да им се подобрат условите како што ние работиме во Тетово, изјави Касами.

На новинарско прашање дали ќе влијае врз соживотот во Тетово, поставување на знаме со карта на Голема Албанија, Касами повторно со одговор дека тоа е реакција на граѓаните во односот што власта го има кон нив.

– Ова нема врска со општината со нашата организација, а тоа што има врска со нас тоа е промовирање на овој пат како што немаше врска воопшто и поканата за мене и општината во делот на организацијата на настанот во Тетово. Сите знаеме, дека протоколите кои беа во рамките на зградата на општината и градот, беа извадени знамињата согласно законите – и државното и на Република Косово и на националното и на општина Тетово. Порака до власта да не се занимаваат со луѓето со граѓаните да не ги провоцираат зошто ќе имаат соодветен одговор, одговори Биљал Касами.

Освен асфалтирање на улицата „108“ беше обновена коловозната лента и од оваа улица која излегува на кружниот тек на булеварите „Илинденска“ и „Видео Смилевски-Бато“.

На 11 август во Тетово беше пречекан косовскиот премиер Албин Курти. На концерт во негова чест човек од публиката вееше знаме со карта на Голема Албанија. Полицијата поднесе прекршочна пријава за Општината затоа што не беше интонирана химната и државното знаме, додека за лицето со знамето на Голема Албанија сè уште се води потрага.

ас
фото Општина Тетово, Фејсбук профил Билал Касами

Поврзани објави

Вести

Ликовна мултикултурна работилница во ОУ „Гоце Делчев“-Тетово по повод Недела на детето

03/10/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово: Тешко повреден пешак на 79 години

03/10/2023
Вести

За девет месеци во 2023 изречени 5714 мерки за пребрзо возење на тетовското подрачје

03/10/2023
Вести

Дискусија „Политичко учество на лицата со попреченост“ – во 80 општински совети има само две лица со попречeност

03/10/2023
Вести

Песните од проектот „Македонијо во срце те носиме“ утре ќе се пеат во Тетово

03/10/2023
Вести

На патот Пирок-Тетово животот го загуби 18 годишно момче од Синичане

03/10/2023
Следна објава

Вкупно 9500 евра парична казна за фирмата „Еко Ливинг“-Чегране на чија депонија гореше отпад во Тетовско

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!