Вчера (1 јануари) од 13 до 19 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата, во кој вкупно биле изречени 105 мерки (ТЕ-82 и ГВ-23).
При контролата биле откриени и санкционирани 70 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-47 и ГВ-23), од кои 6 (ТЕ) пречекориле за над 70 километри на час, 22 (ТЕ) од 50 до 70 километри на час и така натаму. Покрај ова, санкционирани се и 35 (ТЕ) пречекорувања на пропишаната брзина во населено место, од кои 2 (ТЕ) за повеќе од 50 километри на час.
На сите возачи-прекршители изготвени им се поднесоци со парични глоби кои се движат од 45 до 400 километри на час, а за најбрзите предвидено е времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година. При контролата, исто така, санкционирани се и 5 други видови сообраќајни прекршоци.
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел и совет до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот и целосно да се придржуваат на сообраќајните знаци, правила и прописи кои се однесуваат, не само на дозволената брзина, туку и воопшто.
Се апелира, исто така, возачите да внимаваат каде и како ги паркираат нивните возила и да избегнуваат паркирање во таканаречени „двојни редови“, зашто на тој начин го отежнуваат нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот и во голема мерка го забавуваат.