Вечерва се случило убиство во Тетово, а според првичните информации убиениот е на 40-тина години. Убиството се случи на улицата „Штипска“
„Во 20.35ч. во СВР Тетово е пријавено дека на ул.„Штипска“ едно лице кое било со возило „мерцедес“ пукало кон возило „бмв“ во кое било лицето со иницијали Р.Т., кое од добиените повреди починало. Полициски службеници од СВР Тетово преземаат интензивни мерки и активности за расчистување на случајот, информираше Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.
Улицата „Штипска“ е затворена за сообраќај и се врши увид од полицијата. Според сознанијата од луѓето кои живеат на улицата убиениот е на возраст од околу 40 години.