• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 5 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

На вонреден конгрес во Тетово, Арбен Таравари избран за претседател на Алијанса за Албанците

24/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На денешниот трет вонреден конгрес во Тетово партијата Алијанса за Албанците го избра Арбен Таравари за претседател.  Досегшниот вршител на должноста и поранешен потпретседател беше избран со гласовите на скоро сите делегати прусутни на конгресот. По изборот тој најави дека политиките на партијата остануваат исти, а промено согласно денешните одлуки на конгресот има во партиските тела и функции.

-Политиките на партијата генерално ќе продолжат тие што се. Веќе од утре почнуваме со континуирана кампања додека се одржат следните избори, кампања врата на врата, да ги отвориме вратите на партијата да доближиме што повеќе луѓе. Посебно интелектуалци кои ни се потребни за успешно функционирање на партијата.  Професионализација на партијата. Ние почнуваме кампања без разлика дали ќе се одржат избори во 2023 или 2024 година. Ние ќе бидеме во продолжена или континуирана кампања врата на врата до следните избори, рече Таравари.

Досегашниот претседател Зиадин Села се обрати на конгресот и побара поддршка за Таравари.

-Политичките партии не можат да бидат сопственост на поединец, а јас денеска сум тука со најголема гордост да кажам дека го одржав зборот како што ги одржав многу други зборови до сега. АА никогаш не припаѓала на Зиадин Села и нема да му припадне на никој друг, освен на Албанците. Денеска се собравме да го избереме првиот меѓу нас во наредните четири години, референца ми беше и мислев дека тој што ќе треба да го продолжи патувањето на АА е мојот пријател Арбен Таравари, порача Зиадин Села.

Согласно одлуките на конгресот ќе се воведе функција претседател на Собранието на Алијанса за Албанците.

-Направиме одредени промени во статутот на партијата што беа увидени. Пример досега не беше предвидено во статутот што ќе се прави ако претседателот на партијата даде оставка. И една нова функција во партијата Претседател на Собранието на партијата. Направени се и одредени други промени во статутот на партијата за која што сметавме дека треба да бидат во правилник за функционирање, да се тргнат од статутот. Тоа одлучивме едногласно. Мислам дека немаше поголема дебата, имаше согласност од повеќето делегати на Конгресот. Донесовме еден кодекс за однесување во партијата, кој што мислиме дека недостига за однесувањето на повеќето членови па и функционери на партијата, изјави Таравари.

Арбен Таравари е роден 1973 година. Досега бил министер за здравство во Владата, а од 2017 година е градоначалник на Гостивар во два мандати. По професија е лекар, невролог.

ас

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Новогодишен хуманитарен стендап со Никола Тодороски

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.