ТЕТОВО ИНФО 14 МАРТ 2024
Тетовскиот градоначалник Биљал Касами кој денес беше дел од кампањата за подигнување на еколошката свест и одговорност кон животната средина најави дека ќе се набави цистерна само за за миење на улиците со цел да се избегне сегашната состојба градските улици да бидат полни со со прашина, кал и земја. Кампањата која Општина Тетово ја почна на 1 март денес продолжи со активности кои ги организираше ООУ „Наим Фрашери“.
„Во ситуцијата во која се наоѓаме противпожарната единица, прави миење на улиците по некоја програма, но исто така сме во фаза на набавка на нов камион-цистерна за чистење на улици. Во договор со ЈКП има програма секој ден во текот на неделата да се исчистат улиците и еднаш барем неделно секоја улица во градот да биде измиена. Во тој дел се работи и се надеваме дека што побргу ќе добиеме тој камион и ќе имаме редовно миење на улиците. Сега работиме само интервентно со механизацијата која ја има кај пожарникарите, најави Касами.
Со делење летоци учениците од основните училишта учествуваат во кампањата на Одделението за образование при Секторот за јавна дејност и Општинскиот инспекторат – Одделение за комунални дејности и животна средина.
Во кампањата за подигнување на еколошката свест и одговорност кон животната средина во претходните акции беа делени летоци само на албански јазик, а сега според Касами има и на македонски и најверојатно ќе се прават и на турски јазик.
АС