• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Над 370 пензионери од цела Македонија во Брвеница денес учествуваа на 27. Спортски натпревари

17/09/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

По 27-ми пат во тетовска Брвеница се собраа пензионери од цела Македонија за да учествуваат на Републичките спортски натпревари. Во над десет спортски дисциплини се натпреваруваа претставници на 43 здруженија на пензионери, од 53 колку што ги има во Сојузот. Организатор на натпреварите е Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, а домаќин тетовското здружение.

– Овие спортски натпревари се со голема традиција во 77 годишното постоење на пензионерското организирање. На овие спортски натпревари им претходеа натпревари на општинско и регионално ниво. Пензионерите се натпреваруваат во 11 спортски дисциплини, а ќе учествуваат 371 натпреварувач, од кои 224 се во машка конкуренција и 147 во женска конкуренција. Севкупниот победник на натпреварите, односно онаа екипа која ќе освои најмногу поени, ќе го добие преодниот пехар, изјави Станка Трајкова, претседател на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија.

Домаќините од тетовското здружение имаат 22 пензионери учесници на денешните игри.

– Имаме 22 спортисти во десет дисциплини кои учествуваат во тегнење јаже, фрлање ѓуле, скок од место, трчање, стрелаштво, шах, табла, изјави Селвер Мемети претседател на Здружение пензионери на Тетово

Покрај спортувањето, натпревари се пригодни и како начин на дружење и рекреација на највозрасните членови на општеството.

– Овие спортски активности не само што го афирмираат спортот, кој е многу важен за лицата во третото доба, тие истовремено значат и рекреација, значат соживот, другарување, излегување од дома за да се помине еден убав ден, изјави Станка Трајкова.

За барањата за зголемување на мининалните пензии Трајкова изјави дека Сојузот на здруженија на пензионери со Министерството за труд и социјална работа тековно работи.

-И пред да почнат протестите фокусот на Сојузот беа ниските пензии. Сега се формираше работна група од Владата и веќе има три средби со Сојузот. Ние како Сојуз изразуваме големо задоволство што шест наши материјали кои сме ги дале за подобрување на материјалниот статус на корисниците на пензија меѓу кои и предлози за зголемување на најнискиот износ на пензија даден во три варијанти со компаративна анализа и ефекти е доставен до работната група, изјави Станка Трајкова.

Натпреварите се играа во ОУ „Кочо Рацин“ и фудбалскиот стадион во Брвеница.

Поврзани објави

Вести

Ликовна мултикултурна работилница во ОУ „Гоце Делчев“-Тетово по повод Недела на детето

03/10/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово: Тешко повреден пешак на 79 години

03/10/2023
Вести

За девет месеци во 2023 изречени 5714 мерки за пребрзо возење на тетовското подрачје

03/10/2023
Вести

Дискусија „Политичко учество на лицата со попреченост“ – во 80 општински совети има само две лица со попречeност

03/10/2023
Вести

Песните од проектот „Македонијо во срце те носиме“ утре ќе се пеат во Тетово

03/10/2023
Вести

На патот Пирок-Тетово животот го загуби 18 годишно момче од Синичане

03/10/2023
Следна објава

МВР: Акциска контрола во тетовско: Пронајдена дрога, неиздавање фискални сметки

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!