Ако едно домаќинство има стан од 100 квадрати ќе плаќа 320 денари само за ѓубрарина покрај износите за канализација, вода и јавна чистота во сметката за комунални услуги. Оваа одлука беше усвоена од мнозиснтвото советници на денешната 26-та седница, отакако така беше и најавено од раководството на општината по потпишувањето на договорот со приватната фирма за јавно приватно партнерство. Со ова се менува практиката да се плаќа по тоа колку луѓе живеат во живеалиштето.
![Пример од досегашните износи во сметките на ЈКП Тетово](https://tetovoinfo.mk/wp-content/uploads/2024/01/smetka-komunalni-uslugi-jkp-tetovo.jpg)
Сега цената за собирање отпад за домаќинства за станбена површина по еден квадратен метар ќе изнесува 3,20 денари. Правните лица ќе плаќаат 4,35 или 4,95 денари по метар квадратен во зависност од големината на субјектот.
– Ваквиот начин на наплата ќе почне од февруари. Податоците за станбените површини претпријатието ќе го преземе и синхронизирана електронски од агенцијата за катастар и од старата база на ЈКП Тетово, изјави Даут Мемиши, управителот на „ОАНЕУМ ДООЕЛ“, ново општинско друштво за комунални услуги.
Дел од советниците реагираа- новата пресметка може да значат и повисоки сметки. Ако сам човек и сопружници живеат живее во куќа од 200 квадарати ќе плаќаат 640 денари.
– Мислам дека ќе биде пореално. Пример некој што има шест члена дома плаќал фиксно 400 и нешто денари. Сега ако има пример 100 квадрати ќе плаќа 320 денари. И за овие нови цени во наредните три до шест месеци ќе се анализира дали се добри за граѓаните, никој не сака да ги оштети граѓаните, изјави Даут Мемиши.
Дел од точките на дневен ред на Советот беше избор на командир за полициската станица од општа надлежност, но мнозинството не поддржа ниту еден од тројцата предложени кандидати од страна на МВР.
ас