Од 1 јануари 2024 почнува стопанисување со отпадот преку јавно-приватно партнерство во Тетово па ќе има промена во методологијата на комуналните сметки, најави градоначалникот Биљал Касами. Висината на сметките за комунали услуги остануваат исти, а за тоа има државно регулаторно тело. Промената е во тоа што наместо по глава на жител ќе се наплаќа по квадратни метри.
-Досегашната методологија по глава на жител не беше правична за граѓаните затоа што повеќе фамилии кои воглавно се и посиромашните, плаќаат повеќе, а тие што има повеќе простор, нели повеќе станбен простор и деловен простор плаќаа помалку. Сега со новата метода по метар квадаратен ќе се направи проценка пресметка на фактурите за отпад, цениме дека ќе биде поправедна за граѓаните, значи нема да има промена, само ќе има промена на методологија, изјави Касами.
За подобро снабдување со вода за пиење општината има подготвено физибилити студија. Од таа студија се произлезени повеќе заклучоци, рече Касами и најави дека треба да се инвестира во промена на дотраениот главен цевковод.
-Второ, смена на главните краци на мрежата за вода во градот, а што се губи водата. Трето, како заклучок е излезен дека треба да се инвестира во делот на водомерите каде што нели се губи водата во делот на злоупотреба од несовесните граѓани. После јануарската сесија на советот, каде ќе се надевам дека ќе се усвои оваа студија и заклучоците, одма ќе почнеме со подготовка на техничка документација и да видиме како ќе се финансира реконструкција на дистрибутивната мрежа, најави првиот човек на Тетово.
Што се однесува до јавната чистота тој рече дека сега кога приватниот концесионер ќе работина подигање на отпадот, комуналното претријатие ќе се посвети на подигање на свеста на граѓаните во делот на јавната чистота, како и одржување на јавните површини на паркови и зеленило.
А.С