По повод празникот посветен на Свети Василиј Велики или Православна нова година согласно народните традиции група Василичари ги поминаа сите куќи во селото со пеење на песната Ај ај сура. Од домаќините беа дарувани со разни дарови.
-Со договор на сите Василичари сите собрание парични средства ќе бидат уплатени на жиро сметка на Дијана Димчевска Наумовска, потребни за нејзино лекување. Нека Господ и помогне на Дијана во борбата со болеста, порачаа од црковниот одбор
Песната Ај ај сура
Ај ај сура
Отвори порта – порта шимширова
Чија е војска – војска македонска
Ај ај сура