Соопштение на СВР Тетово 9 јули 2024 година
На 09.07.2024 година во 18.40 часот во Полициско одделение Групчин, Е.З.З.(36) од тетовски Копачиндол пријавила дека околу 15.30 часот нејзината малолетна ќерка во базенот во дворот на куќата пронашла проектил од куршум. Повредени лица нема, а пронајдениот предмет е подигнат од полициски службеник од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.07.2024 година во 12.10 часот во СВР Тетово, 53-годишен тетовец пријавил дека бил измамен со 9.000 денари од правен субјект со седиште во Штип. Тој со одговорните контактирал преку социјална мрежа и преку мобилен телефон и од нив нарачал производ, кој откако му бил доставен забележал дека не соодветствува со нарачаниот. Според пријавеното, тој го вратил производот со цел да му го заменат, но ниту го добил тоа што го барал, ниту успеал да воспостави повторна комуникација со одговорните. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.07.2024 година во 16.05 часот во СВР Тетово, Ј.В.(63) од тетовска Брвеница пријавил дека на селската улица бил каснат од куче скитник.
Во рамки на континуираните активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедност на сообраќајот, вчера (09-јули) во периодот од 17.00 до 21.00 часот спроведена е акциска контрола за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. При контролата биле откриени и санкционирани 45 прекршоци (ТЕ-27 и ГВ-018), од кои најголемиот дел – 23 (ТЕ-12 и ГВ-11), биле за некористење на заштитен шлем-кацига, потоа 7 (ТЕ-3 и ГВ-4) за управување без возачка дозвола, 7 (ТЕ-4 и ГВ-3) за изминат рок на осигурителна полиса и 2 (ТЕ) со поминат рок на регистрација. Против возачите биле поднесени соодветни поднесоци, а при контролата биле констатирани и санкционирани 8 (ТЕ) останати сообраќајни прекршоци.
СВР Тетово апелира до возачите на мотоцикли навремено ги продолжуваат осигурителните полиси или регистрации, да не управуваат мотоцикл без положен возачки испит, затоа што на тој начин ќе придонесат за личната безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.